Италијанскиот калчолигаш Јувентус е подготвен да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо, јавуваат италијанските медиуми. Англискиот офанзивец минатата сезона беше на позајмица во Челси, но лондонскиот клуб се откажа од негово откупување, па дури плати „пенали“ за да ја избегне обврската за траен трансфер.
Новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим, не го вклучува Санчо во своите планови за иднината.
Интересен аспект во потенцијалната зделка е тоа што Јувентус е подготвен да го вклучи Даглас Луиз како дел од размената. Бразилецот не успеа да се адаптира во Торино по трансферот од Астон Вила во 2024 година, и Јуве сега сака да го испрати на „Олд Трафорд“ како дел од договорот за Санчо.
Во меѓувреме, „Газета дело Спорт“ открива дека „старата дама“ е сериозно заинтересирана и за Ив Бисума од Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













