Connect with us

Работнички го сопре Шкупи, Шкендија се одлепи на врвот, Вардар спаси бод во Струга

Шкендија оствари триумф над Ренова (1-3) на градското дерби во Тетово. Тимот на Ернест Ѓока го искористи ремито на Шкупи против Работнички (2-2) и повторно се одлепи на врвот на табелата во Првата фудвалска лига. 

Енсар Љума во четвртата минута постигна дебитантски погодок за Шкендија, а јан кривак во 42.минута зголеми на 0-2. Ренова се врати во игра преку погодокот на Ремзифаик Селмани од пенал во 66.минута, но дилемите за победникот ги расчисти Бесарт Ибраими, исто така од пенал, во 83.минута.   

Работнички и Шкупи во одличен меч на арената „Тодор Проески“ одиграа 2-2. Лука Станковски во 13.минута со одличен пробив донесе предност за „романтичарите“, но Илирид Адеми израмни со удар со глава по центаршутот на Глишиќ во 28.минута.

Да Силва Нето на почетокот на вториот дел се погрижи за 1-2, а Николче Шаркоски во 61.минута повторно донесе реми по асистенцијата на Лука Станковски. Во првиот дел, Дембо Дарбо го погоди и дирекот од голот на „романтичарите“ во 32.минута.  

Вардар спаси бод во Струга и одигра 2-2 иако беше без тренерот Александар Васоски и губеше со 2-0. Дејан Цветаноски во 25.минута погоди за водство, а две минути подоцна Клинсман Цаке со одличен гол од далечина зголеми на 2-0. Дарко Мицевски од пенал го постигна единствениот погодок за Вардар во 45.минута од мечот.

Во судиското продолжение, гол за Вардар, а потоа и немили сцени во Струга. Дејан Блажевски погоди за 2-2,а потоа и заработи црвен картон.  
    
Марјан Ристовски беше пресуден фактор за триумфот (3-0) на Борец против Пелистер. Тој беше стрелец на двата гола. Донесе предност за велешани во 26.минута, а потоа ја потврди победата во 77.минута. Дарио Десниќ беше стрелец на третиот погодок во 85.минута. 

Беласица го изненади тимот на Академија Пандев и победи со 1-2, и тоа на официјалното отворање на „комплексот Горан Пандев“. Почетокот не навести таков развој на настаните со оглед дека домаќинот поведе со 1-0, со голот од пенал на Ѓорѓи Стоилов во 11.минута, но Зоран Митевски израмни во 41.минута, а во вториот дел Стефан Сулев, во 66.минута, се погрижи за целосен пресврт. Домашниот голман Марко Алчевски беше трагичар со две слаби интервенции при погодоците за Беласица.     

ПРВА ЛИГА,11.КОЛО

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-3

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-2

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ВАРДАР 2-2

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА 1-2

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 3-0

УТРЕ: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 

ТАБЕЛА: Шкендија 25, Шкупи 23, Македонија ЃП 19 (-1), Борец 19, Струга ТЛ 16, Силекс 14 (-1), Работнички 13,  Вардар 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.    

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови