Connect with us

ПСЖ збесна поради потегот на Меси и на Паредес

ПСЖ го победи Бордо со 2-3 на гости во француското првенство во саботата без помошта на Лионел Меси и на Леандро Паредес. И двајцата Аргентинци беа повредени и не можеа да играат за клубот.


Сепак, Меси и Паредес по тој меч отпатуваа во Аргентина за да одговорат на повикот на селекторот Лионел Скалони, а тоа многу го изнервира спортскиот директор Леонардо, открива „Ле Паризиен“.

Меси и Паредес ќе прелетаат неколку илјади километри, а тоа воопшто не им се допаѓа на челниците на ПСЖ. Покрај тоа, ПСЖ не е среќен што ниту Меси ниту Паредес не се обиделе да го прескокнат претстојниот репрезентативен циклус. Двајцата играчи веднаш одговорија на повикот, иако не се подготвени за игра.

„Не се согласуваме да пуштиме играч кој не е физички подготвен или кој е во фаза на рехабилитација. Тоа не е логично и нема смисла. Оваа ситуација бара да ги дефинираме работите со ФИФА”, изјави Леонардо.

Паредес е голем проблем за парижаните. Тој еден месец се опоравуваше од повредата на квадрицепсот на левата нога. Но, тој отпатува во Аргентина и можен е негов настап против Уругвај на 13 ноември или Бразил четири дена подоцна во квалификациите за Светското првенство.

Слична е ситуацијата и со Меси. Аргентинецот минатата недела не одигра ниту минута за ПСЖ поради повреда на задната ложа, а потоа се упати кон родниот град да и помогне на репрезентацијата. Меси има клаузула во договорот со ПСЖ која ја става Аргентина пред ПСЖ. Неговиот приоритет е секогаш да игра за репрезентацијата и ПСЖ не може да се жали на оваа одлука.

Меси оваа сезона има осум настапи и три гола за ПСЖ. Тој одигра 595 минути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови