Квича Кварацкелија блеса во Наполи оваа сезона. Грузиецот кој летово пристигна во Италија од Динамо Батуми за 11,5 милиони евра, во досегашниот дел од сезоната на 29 настапи постигна 13 гола и забележа 15 асистенции. Многу брзо го привлече интересот на најбогатите европски клубови, а се чини дека најсериозен за тоа е Пари Сен Жермен.
Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ наведува дека парижаните се подготвени да платат дури 180 милиони евра за Кварацкелија, со што би се израмнил со трансферот на Килијан Мбапе во истиот клуб на второто место на најскапи трансфери на сите времиња.
На прво место е трансферот на Нејмар вреден 222 милиони евра од Барселона во ПСЖ.
Договорот на „Кварадона“ со Наполи е до 2027 година, но се чини сигурно дека тој ќе си замине пред истекот и ќе им донесе голем профит на „наполитанците“.
Претходно Кварацкелија откри дека е голем навивач на Реал Мадрид, а „кралскиот клуб“ исто така е многу заинтересиран да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













