
Европскиот гигант Пари Сен Жермен ја намали цената за својот играч во средината на теренот, Витиња, кој е главна цел на Реал Мадрид.
Првично, ПСЖ бараше астрономски износ од 130 милиони евра за португалскиот репрезентативец, што според весникот „Марка“ беше премногу за Кралскиот клуб.
Со оглед на тоа што Манчестер Сити не е подготвен да го продаде Родри, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, го смета Витиња како најдобра опција за надоместување на празнината која остана по заминувањето на Тони Крос во 2024 година. Сепак, сега Реал добива позитивни вести од Париз.
Откако ја преиспитале ситуацијата, челниците на ПСЖ, заедно со тренерот Луис Енрике, одлучија да ја намалат цената на 90 милиони евра, објави „Марка“.
Витиња има договор со францускиот клуб до 2029 година.
Реал Мадрид не се откажува ни од трансферот на Родри, и покрај одбивањето од Манчестер Сити да го продаде. Шпанскиот фудбалер има договор со англискиот клуб до 2027 година, а неодамна клубот најави дека ќе му понуди одличен нов договор за продолжување.
Сепак, 29-годишниот Родри одбива понуди од арапски клубови, што „Марка“ го толкува како позитивен знак за Реал Мадрид.
По заминувањето на Лука Модриќ ова лето и претходно на Тони Крос, трансферите на Витиња и Родри се приоритети за мадридскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка
