
ПСЖ ја донесе одлуката. Килијан Мбапе и следната година ќе остане во Париз. Клубот објави дека не е подготвен да го пушти за отптета од околу 150 милиони евра, а реално нема ниту клуб што би платил за тоа на само 12 месеци пред истекот на договорот.
Поради ова ПСЖ ќе го задржи Мбапе до крајот на договорот, а доколку во меѓувреме не го продолжи, ќе може да си замине дури по неговиот истек. Доказ за ова е вчерашното претставување на новиот дрес на ПСЖ за следната сезона на кое беше присутен и Килијан Мбапе.
Ова исто така значи дека Леонардо нема да го донесе Роналдо, клубот ќе го напушти Икарди, па ПСЖ бара нов централен напаѓач. Покетино очигледно би го посакал Хари Кејн, но нема шанси ПСЖ да плати 150 милиони фунти за капитенот на Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
