Connect with us

Прв триумф за Парма во новата сезона од Серија А (ВИДЕО)

Парма конечно стигна до првата победа во новата сезона од Серија А, откако во петтото коло на домашен терен го совлада Торино со 2-1.

Хероj на мечот беше Матео Пелегрино, кој со два погодоци го реши натпреварот. Првиот го постигна во 36. минута од пенал, носејќи предност за домашниот тим.

Гостите возвратија веднаш по стартот на второто полувреме – Енгонг во 50. минута ја затресе мрежата на Парма по асистенција на Саул Коко и донесе израмнување.

Но вечерта дефинитивно му припаѓаше на Пелегрино. Во 72. минута повторно ја затресе противничката мрежа и го постави конечниот резултат 2-1, со што ја донесе првата радост за својата екипа во сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови