
И покрај убедливата победа над Џенова, во Милан не се среќни откако дознаа многу лоши вести за Симон Кјаер. Данскиот инрернационалец ги оштетил лигаментите на левото колено и ќе мора да замине на операција.
„Резонанцата и дијагноза на специјалистите потврдија дека на Симон Кјаер му е потребна артроскопија на левото колено за да се санираат оштетените лигаменти. Операцијата ќе биде извршена утре“, се вели во соопштението на медицинскиот штаб на Милан.
Не е прецизирано кои лигаменти на коленото се оштетени, но доколку се работи за вкрстените лигаменти опоравувањето на данскиот репрезентативец ќе трае најмалку шест месеци и ќе ја пропушти целата сезона.
Извесно е дека централниот дефанзивец нема да го носи дресот на „росонерите“ до крајот на 2021 година. Отсуството на Кјаер, кој е еден од лидерите на тимот, е многу лоша вест пред мечот со Ливерпул следниот вторник во Лигата на шампионите и пресметката со Наполи за првото место во Серија А на 19 декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
