Играчите од средниот ред Џамал Мусијала и Конрад Лајмер, и дефанзивецот Матијс де Лигт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид во вторник.
Мусијала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундес-лигата над Ајнтрахт Франкфурт поради болки во тетивата.
„Тој навистина сакаше да игра. Имаше два дена кога не чувствуваше болка, но му се врати во текот на вчерашниот ден“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.
Лајмер го повреди зглобот на дуелот со Ајнтрахт, а Де Лихт куцаше изглегувајќи од теренот откако ги повреди лигаментите на коленото.
„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат достапни за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат деталните медицински тестови“, додаде Тухел.
Неизвесно е и учеството на Серж Гнабри и Лирој Сане, кои поради повреди не беа во составот за мечот против Ајнтрахт Франкфурт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













