Connect with us

Проблеми во Минхен: Нојер ја одби понудата за нов договор со Баерн

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски речиси сигурно го напушта Баерн Минхен, но сега се појавија проблеми со уште една легенда на клубот, капитенот и незаменлив меѓу стативите, Мануел Нојер.


Како што пренесува германскиот „Кикер“, Нојер одбил да го продолжи договорот со германскиот шампион кој истекува во летото 2023 година, бидејќи не е задоволен од должината на понуденената соработка.

На 36-годишниот голман му било понудено да ја продолжи соработката за уште една година, до 2024 година, но искусниот голман сака да остане член на тимот од „Алианц Арена“ и во следните три години. Сепак, Баерн смета дека квалитетот на Нојер наскоро би можел да опадне и не се подготвени за долгорочна соработка.

Нојер со Баерн Минхен освои дури 27 трофеи, двоен победник е во Лигата на шампионите и освојувач на СП 2014 во Бразил, но во Германија нема сентименталност, па судбината на Левандовски лесно може да му се случи на искусниот голман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови