Напаѓачот на Гостивар, Ланре Кехинде, се здоби со скршeница на јаболчната коска на мечот против Струга ТЛ, информира клубот. Тој поголем тек од второто полувреме го играл со скршеница, а гостиварци реагираат и дека судијата Игор Стојчевски требало да досуди пенал во ситуацијата.
„Кехинде е сериозно повреден во дуелот во шеснаесетникот на Струга ТЛ, за кој судијата Игор Стојчевски погреши и не досуди пенал за Гостивар. На нашиот фудбалер му посакуваме брзо закрепнување, а сакаме да реагираме дека е неприфатливо нашите фудбалери да не бидат заштитени од судиите за вакви тешки удари со сериозни последици. Судиите мора да го почитуваат здравјето на спортистите“, се вели во соопштението на ФК Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













