Фудбалерот на Барселона, Педри, заработи повреда на десната натколеница на тренинг, соопшти денеска каталонскиот клуб, без да прецизира колку време играчот од средниот ред ќе биде надвор од терените.
„ФК Барселона информира дека првотимецот Педри го повредил десниот бутен мускул“, се вели во соопштението.
Според пишувањата на шпанските медиуми, 20-годишниот фудбалер би требало да отсуствува неколку недели, што значи дека ќе ги пропушти и септемвриските натпревари на Шпанија во квалификациите за ЕП.
Тоа е нов удар за Барселона, која поради идентична повреда неколку недели беше без уругвајскиот стопер Роналд Араухо.
Барселона во неделата го победи Кадиз со 2-0 во второто коло од шпанската Ла Лига, а Педри го постигна првиот гол за каталонскиот тим во новата сезона.
По две одиграни кола во Ла Лига, Барселона има четири бода, а во следното коло гостува кај Вилјареал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













