
Со реми (1-1) против српскиот Младост Лучани, македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ги заврши подготовките во Анталија.
Стружани повеле со погодокот на Емран Рамадани, а српскиот тим израмнил во второто полувреме. За Струга ТЛ ова е прв постигнат погодок на пријателските дуели во Анталија.
Струга ТЛ натпреварот го почна со следниот состав: Ѓуриќ, Делиај, Цаке, Бериша, Шеји, Таири, Касами, Лена, Рамадани, Цветаноски и Јахја.
Тиквеш го „торпедираше“ Питу Гули
Тиквеш запиша убедлив триумф против Питу Гули од 6-1 во третиот пријателски натпревар низ зимските подготовки.
Стрелци за кавадарчани беа Марко Илиевски во два наврати, како и Марјан Ристовски, Ѓорѓи Мојсов, Тоше Делов и Ристе Илијоски.
Следниот натпревар на Тиквеш е против Беласица во Струмица на 5. февруари.
Крстески дебитираше со победа на клупата на Победа
По враќањето на клупата на Победа, Дарко Крстески ја запиша првата победа во првиот натпревар за време на зимските подготовки.
Прилепчани славеа со 4-1 против третолигашот Напредок Крушеани со головите на Симоноски, Дунимаглоски и два погодоци на Каралиоски. Стрелец за Напредок беше Мартин Никовиќ од пенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
