Претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андреј Павелко поради војната во неговата земја не можеше да пристуствува на Конгресот на ФИФА во Доха, но, сепак, успеа да се обрати до колегите преку видео врска. Тој зборуваше облечен во панцир и му се заблагодари на фудбалскиот свет за помошта и за поддршката што ја даваат за Украина.
„За жал не можам да бидам со вас затоа што повеќе од еден месец ја браниме нашата земја од агресијата на Русија. Фудбалот е во втор план затоа што луѓе секојдневно гинат. Јас сум благодарен за фудбалската помош на Украина, луѓето од фудбалот и организациите се тука за нас, благодарам за сите хуманитарни акции, Украина ви е благодарна! Благодарност и до првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин кој организираше група за помош на украинскуте фудбалери. Со нас е вистината, ќе го победиме агресорот и ќе го заборавиме овој хорор. Ние не сакаме борби на улици со оружје, сакаме борба на стадионите, во спортски дух и ферплеј“, изјави Андреј Павелко по што доби аплауз од присутните на конгресот.
Поради инвазијата на Украина, и ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија и националните тимови и клубовите од земјата немаат право на настап во меѓународните натпреварувања.
UAF President Andriy Pavelko’s video speech at the FIFA Congress a few moments ago!
— Zorya Londonsk (@ZoryaLondonsk) March 31, 2022
Explicitly thanks UEFA President Aleksandr Ceferin for his help
Calls out RU aggression
Meanwhile suspended RFU delegates were in the hall whilst video was played in Qatar…
📹: FIFA pic.twitter.com/ZZRbHwzwMm
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal