Еден од создавачите на Европската Суперлига, претседателот на Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер објасни зошто мисли дека ова ново и револуционерно натпреварување ќе донесе промени во европскиот фудбал.
“Со здружување на најголемите светски клубови и играчи во текот на целата сезона, Суперлигата ќе отвори ново поглавје за европскиот фудбал, обезбедувајќи голема конкуренција и зголемена финансиска поддршка за пошироката фудбалска пирамида”, се вели во изјавата на Глејзер.
Американецот е назначен како еден од потпретседателите на Суперлигата и како резултат на тоа, има големо влијание во светот на фудбалот. Неговиот тим, Јунајтед е еден од основачите на лигата, но поради тоа, може да се соочи со големи забрани од УЕФА и Премиер – лигата.
Предвидено е Суперлигата да започне во август, од следната сезона и да биде натпреварување каде ќе учествуваат 20 клубови. Тие ќе бидат поделени во две групи од 10 екипи, а подоцна ќе се игра нокаут фаза, како во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













