Connect with us

Претседателот на ФФМ нов член на Комисијата на Национални асоцијации на УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини стана нов член на Комисијата на Национални асоцијации на УЕФА, тело кое одлучува за важни прашања поврзани со eвропскиот фудбал и ги регулира односите меѓу Асоцијациите членки на УЕФА и Европската куќа на фудбалот, објави ФФМ на официјалниот сајт.

„Вклучувањето на Муамед Сејдини во едно од важните тела на УЕФА е потврда за значајната улога која Фудбалската федерација на Македонија ја има во меѓународните односи и зајакнување на соработката со останатите фудбалски асоцијации“, велат од федерацијата.

Претседател на Комисијата на Национални асоцијации е Сервет Јардимчи, претседател на Турската фудбалска Асоцијација, а во Комисијата се вклучени вкупно 15 членови, односно раководни луѓе од исто толку федерации членки на УЕФА и четворица потпретседатели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови