
Сите 20 премиерлигашки клубови донесоа одлука за воведување нови казни за навивачите на стадионите кои не го почитуваат пропишаниот кодекс на однесување.
Во соопштението на Премиер – лигата се наведува дека е донесено правило за воведување казни за забрана за навивачите кои учествуваат во антисоцијални и криминални активности.
„Навивачите за кои ќе се утврди дека носат пиротехнички средства или димни бомби или внесуваат било што на стадионот без дозвола, автоматски ќе бидат забранети од стадионите низ Англија најмалку една година“.
„Оваа казна може да се примени и за родителите, како и за возрасните сопатници на децата кои учествуваат во вакви активности. Правилото стапува на сила веднаш и важи и за домашните и за гостинските навивачи“, се вели во соопштението на највисокото ниво на англискиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
