
Алехандро Папу Гомез остана без клуб откако на 1 септември го раскина договорот со Севилја. Аргентинскиот напаѓач сѐ уште не најде нов клуб и призна дека размислува за крајот на кариерата.
„Ја чекам вистинската прилика, ако не дојде, ќе се збогувам. Вложив сѐ во фудбалот и не сакам сето ова да го завршам со горчлив вкус“, изјави Гомез, кој пред девет месеци го освои Светското првенство со Аргентина.
„Фактот дека сум светски шампион сѐ уште ми е нереален. Сфатив дека напорната работа се исплати. Се што направив се исплатеше со таа титула”.
Папу Гомез во Европа пристигна во 2010 година во Катанија, од каде три години подоцна замина во украинскиот Металист. Пред девет години се врати во Италија и потпиша за Аталанта каде го играше најдобриот фудбал во кариерата. Последните две и пол години ги помина во Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
