Connect with us

Повеќе од 30.000 фанови го пречекаа Кавани на „Ла Бомбонера“ (ВИДЕО)

Повеќе од 30.000 луѓе се собраа на „Ла Бомбонера“, легендарниот стадион на Бока Јуниорс, за да ја пречекаат новата ѕвезда на клубот. Единсон Кавани неодамна потпиша договор со аргентинскиот гигант, а синоќа беше претставен пред публиката која му посака добредојде во клубот.


Кавани, кој минатата сезона ја мина во шпанска Валенсија, пристигна во Бока како слободен играч и потпиша договор до крајот на декември 2024 година. Иако не е потврдено, се вели дека договорил плата од 2 милиони евра годишно.

Популарниот „Ел Матадор“ одигра 136 натпревари за репрезентацијата на Уругвај и постигна 58 гола, а во текот на кариерата го носеше и дресот на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. За ПСЖ постигна 200 гола, за Наполи 104, а во кариерата постигна повеќе од 400 гола.

Тој на презентацијата во Бока пристигна облечен во боите на клубот, а ќе игра во дресот со број „10“, што во Бока го носеа Диего Марадона и Хуан Роман Рикелме. Вториот сега е потпретседателот на клубот и е најзаслужен што Кавани дојде во Бока Јуниорс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови