
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изјави дека не е љубител на ВАР – системот бидејќи тоа ги комплицира работите. Ова откако неговиот тим имаше корист од судиската грешка во саботната пресметка со Ливерпул за победа од 2-1 на домашен терен од седмото коло од Премиер – лигата.
„Веќе имам кажано дека никогаш не сум бил љубител на ВАР системот откако е воведен. Дури и само затоа што мислам дека комплицира некои делови од играта за кои порано мислев дека се прилично јасни. Но, можам да видам зошто беше неизбежно да се воведе технологијата. Само треба да се справиме со тоа. Фудбалот е полн со историски судиски одлуки кои не биле правилни, но сите прифативме дека ова е дел од играта затоа што си имаме работа со човечки суштества. Сега и технологијата греши“, изјави Постекоглу.
Тотенхем го победи Ливерпул со 2-1 и се искачи на второто место на табелата во Премиер – лигата со бод негатива во однос на лидерот Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski