Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, беше многу разочаран по поразот од Вест Хем со 1-2 на домашен терен. Неговиот тим имаше водство, но на крајот дозволи пресврт и не успеа да се доближи до лидерите во Премиер – лигата.
„Ако доминирате во играта, треба да ја претворите вашата доминација во нешто значајно, а ние не го направивме тоа. Ни недостигаше самодоверба во ситуации кога можевме да постигнеме втор гол. Покрај тоа, примивме и лесни голови“, прокоментира Постекоглу.
„Имавме многу шанси, но мора да му оддадеме признание на Вест Хем, кој го издржа нашиот притисок. Не е првпат да играме добро, но не успеваме да победиме. Можевме удобно да победиме, но нема смисла да се жалиме. Ни претстои долг пат како тим и овој натпревар уште еднаш го докажа тоа“, додаде Постекоглу.
Тотенхем моментно е петтопласиран на табелата со 24 бода и е без победа во последните пет натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













