Рома е сериозно загрижена за иднината со тренерот Жозе Мурињо. „Специјалниот“ е многу посакуван од Португалската фудбалска федерација за нов национален селектор. Затоа, оттаму почнаа сериозна кампања со надеж дека ќе го убедат тренерот да ја напушти „волчицата“, тврди „Скај Италија“.
Во Португалија активно бараат нов селектор откако се разделија со Фернандо Сантош по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Тие го насочија фокусот кон Мурињо и веруваат дека можат да го доведат од „Олимпико“.
Жозе Мурињо има договор со Рома до 2024 година и секогаш бил дециден дека има намера да го исполни. Интерес за него имаше од неколку англиски клубови, но тој брзо ги одби.
Сепак, сега ситуацијата е малку поинаква, бидејќи Мурињо отсекогаш сонувал да ја води репрезентацијата на својата земја и ќе му биде многу потешко да одбие таква можност, која можеби нема да ја добие вторпат во кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













