Владимир Петковиќ денеска е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Алжир.
Стратегот од Босна и Херцеговина ќе го наследи Џамел Белмади на селекторската позиција на Алжир, кој доби отказ по дебаклот и испаѓањето во групната фаза на неодамна завршениот Африкански куп на нации.
Петковиќ беше селектор на Швајцарија од 2014 до 2021 година и многу успешно ја водеше таа репрезентација. Потоа го презеде францускиот Бордо каде не се задржа долго, а сега се враќа во репрезентативниот фудбал и ќе има задача да ги однесе Алжирците на Мундијалот во 2026 година.
Следното африканско првенство е летото 2025 година во Мароко, па Петковиќ тогаш ќе дебитира на големо натпреварување со оваа селекција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













