Фудбалската федерација на Македонија на седницата на Управниот одбор ја усвои промената на позицијата Генерален секретар. На местото на Филип Поповски, доаѓа Наталиа Илиевска Божиновска.
Поповски по двата успешни мандати јавно се заблагодари на поддршката и повика да се поддржи неговата наследничка.
„Дозволете да ви се заблагодарам на соработката во изминатите два мандати како Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Заедно постигнавме многу успеси, но и лоши моменти кои се дел од фудбалскиот свет.
Драго ми е што како мој наследник доаѓа колешката Наталиа Илиевска Божиновска за нов Генерален секретар. Тоа е во согласност со нашите цели опишани во Стратегијата за развој на женски фудбал и обезбедување на поголема родова еднаквост во Федерацијата. Ве замолувам да ѝ ја пружите истата поддршка како што ми ја пруживте и мене. Верувам дека со ова сме пример, не само кај спортските организации во државата, туку и во регионот.
Јас и понатаму останувам во Фудбалската федерација на Македонија, работејќи на започнатите проекти согласно стратешките планови“, изјави Филип Поповски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski