
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, не ја криеше разочараноста по синоќешниот пораз (1-2) од Манчестер Сити во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Тој вели дека англискиот тим постигнал случајни голови, но, сепак, создал повеќе шанси од ПСЖ.
„Видовме две различни полувремиња. Одигравме добро во првото полувреме. Создадовме шанси и заслужено поведовме, а по паузата Сити беше подобар. Головите што ги постигнаа беа случајни, но тие создадоа повеќе шанси од нас. Разочарани сме од двата примени гола. Тешко е да се прифати дека ова се случи во полуфиналето. Но, во второто полувреме Сити одигра постабилно. Не беше лесно да се справиме со нив. Дејствуваа малку поагресивно. Мора да веруваме, никогаш нема предавање во фудбалот, двомечот ќе продолжи за шест дена. Мора да се обидеме да постигнеме голови на гости и да победиме. Секако, чувствуваме притисок, но треба да се обидеме“, изјави Покетино.
Реваншот ќе се одигра на 4 мај на стадионот „Итихад“ во Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
