 
																												
														
														
													Челси го победи Евертон со 6-0 во натпреварот од 33. коло на англиската Премиер – лига по четирите гола на Кол Палмер и по еден на Николас Џексон и Алфи Гилкрист. Петтиот гол на Челси, а четвртиот на Палмер, дојде по удар од белата точка, а пред пеналот се случи бизарна ситуација.
Палмер падна по еден дуел во шеснаесетникот, но судијата тогаш не досуди пенал, туку неколку секунди подоцна по прекршокот над Нони Мадуеке.
Палмер, Мадуеке, а потоа и Џексон, се расправаа кој ќе го изведе пеналот, а на крајот Палмер ја задржа топката и го постигна голот.
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино збесна, а на прес-конференцијата најпрво ја коментираше дискусијата на своите играчи, а не фантастичната победа.
„Најпрво сакам да кажам дека играчите, стручниот штаб и клубот знаат дека Кол Палмер е изведувач на пеналите. Срамно е, вознемирен сум. Многу сум вознемирен. Во соблекувалната зборувавме за тоа како се претставуваме затоа што тоа беше натпревар одигран во понеделник навечер, кој го гледаа во секоја земја. Не можеме да испратиме ваква слика за тимот. Срамно, сакам да им се извинам на луѓето кои го следат фудбалот и на нашите навивачи, ова е неприфатливо“, изјави Покетино.
„Реков дека ова е последен пат да толерирам вакво однесување. Следниот пат ќе ги избркам сите. Ова не е шега“, истакна менаџерот на Челси.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														