Connect with us

Погба: Целта на Јунајтед е да го освои трофејот во Лигата на Европа

Манчестер Јунајтед одигра маестрално второ полувреме и ја совлада Рома со 6-2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Тоа е сериозна предност за составот на Оле Гунар Солскјер пред реваншот на „Олимпико“ во Рим.

Сепак, нема еуфорија кај Пол Погба кој беше стрелец на еден од головите.

„Ова е голем триумф, но не се радуваме премногу затоа што не сме ја оствариле целта. Манчестер Јунајтед сака да го освои трофејот во Лигата на Европа“, изјави Погба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови