
По бурен период исполнет со повреди, скандали и 18-месечнa суспендија поради позитивен допинг – тест, францускиот репрезентативец Пол Погба е поблиску од кога и да е до враќање во професионалниот фудбал.
Според тренерот на Монако, Ади Хитер, сè укажува дека 32-годишниот играч за врска ќе биде подготвен за настап по паузата за репрезентации на почетокот на октомври, кога ќе има доволно ритам за да биде опција за тимот.
„Физички и психички Погба е добро. Во последните три месеци напредува континуирано и се приближува до моментот кога ќе може да игра. Со оглед на серијата повреди што ги имаме, треба внимателно да го следиме, но нема смисла да го вклучуваме пребрзо само за да кажеме дека веќе е на теренот“, изјави Хитер.
Погба доби казна поради позитивен тест на „тестостерон“ направен по натпревар на Јувентус во август 2023 година. Првично суспензијата беше четири години, но по успешното обжалување пред Европскиот спортски арбитражен суд, казната беше намалена на 18 месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби

Млади репрезентации
Македонија У-15 и вторпат го победи Косово
