Connect with us

Почнува Лига Европа, за првпат и со Роналдо: Арсенал и Манчестер Јунајтед, главни фаворити за трофејот

Почнува групната фаза во Лига Европа, а најголеми фаворити за освојување на трофејот, според експертите, се Арсенал, Манчестер Јунајтед, Рома и Лацио. Интересен момент е секако и првото учество на португалчската мегаѕвезда Кристијано Роналдо во ова натпреварување. И покрај желбата да игра во клуб што учествува во ЛШ, тој на крајот мораше да остане во Манчестер Јунајтед.


Главниот фаворит Арсенал се наоѓа во групата А, каде што се уште и ПСВ, Бодо Глимт и Цирих и јасно е дека се освен прво место за тимот на Микел Артета би било изненадување. Арсенал по петте последовни победи и најдобриот старт на сезоната во последната деценија во Премиер – лигата, доживеа пораз од Манчестер Јунајтед, нивниот главен ривал и на патот кон пехарот во Лига Европа.

Извесно е дека Артета ќе ротира во ова натпреварување, враќањето во топ 4 и Лигата на шампионите е апсолутен приоритет, иако може да се постави сосема логично прашање – дали денес е полесно да се биде меѓу четирите најдобри во Премиер – лигата или да ја освои Лигата на Европа, која носи и настап во Лигата на шампионите.

Арсенал почнува во Цирих и кој тим и да излезе на терен ќе мора да брка три бода. Во вториот меч ПСВ го пречекува Бодо Глимт и „мириса“ како да ќе гледаме вистинска голеада.
Уште еден англиски миленик, Манчестер Јунајтед, е во групата Е, каде исто така е фаворит, бидејќи тука се уште и Реал Сосиедад, Омонија и Шериф Тираспол. Јунајтед ја отвора сезоната против најсилниот ривал Реал Сосиедад.

Се очекува да ротира и Ерик тен Хаг и вистински момент да бидат стартери Кристијано Роналдо, Кашемиро и Хари Мегваер, а голема е веројатноста шанса да добијат и Фред, Лук Шо и Линделоф. Реал Сосиедад на крајот на преодниот рок го загуби Александер Исак кој го засили Њукасл, а на негово место дојде Умар Садик кој веднаш на дебито ја затресе мрежатана Атлетико Мадрид и му донесе бод на својот тим.

Следните два фаворити се римските ривали – Рома и Лацио. Рома е во групата Ц каде со Бетис ќе се бори за првото место бидејќи на хартија далеку послаби се Хелсинки и Лудогорец. По стартот од соништата, тимот на Мурињо доживеа вистинска шлаканица од Удинезе на гости, откако прими само еден гол во првите четири натпревари. Потоа Рома прими дури четири од Удинезе и тоа дефинитивно е големо предупредување за „волчицата“.

Рома во првото коло гостува кај Лудогорец, а Бетис го пречекува Хелсинки, јасно е дека Италијанците и Шпанците се апсолутни фаворити.

Четвртиот фаворит е Лацио. Тимот на Маурицио Сари има интересна група во која се уште и Штурм, Феенорд и Митјиланд. Лацио во воведниот меч го пречекува Феенорд. Во вториот натпревар од групата Ф се среќаваат Штурм и Митјиланд.

Важно е да се истакне дека пролетта во Европа ќе ја дочекаат и третопласираните екипи, но тие одат во таканаречениот плеј-оф за пласман во осминафиналето, а ќе се сретнат со третопласираните од групната фаза од Лигата на шампионите, кои го продолжуваат натпреварувањето во Лига Европа. Во превод, секој тим има право да се надева дека ќе обезбеди најмалку два дополнителни натпревари на пролет во европските натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови