Фудбалската федерација на Македонија информираше дека денеска започна продажбата на билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.
На 23. март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Четири дена подоцна, на 27. март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets.
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има on-line продажба и електронски билети.
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА (Национална арена „Тодор Проески“, 23. март),
МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ Острови (Национална арена „Тодор Проески“, 27. март);
Северна Трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 по цена од 200 денари;
Јужна Трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 по цена од 200 денари и Блок 3 и 4 по цена од 300 денари
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
∙ ЛитератураМК – City Mall
∙ ЛитератураМК – East Gate
∙ ЛитератураМК – Веро Центар
∙ Литература – ТЦ Буњаковец
∙ ЛитератураМК – ул. Македонија
∙ Југотон ГТЦ 1
∙ ЈК Травел – ТЦ Бисер
∙ Макпетрол – Козле
∙ Макпетрол – Илинденска
∙ Макпетрол – Влае
Велес:
∙ Унисон
Прилеп:
∙ ТА Бран
Куманово:
∙ Тобако Агора
Тетово:
∙ Тобако Монако
∙ Гранд Тобако
Гостивар:
∙ Тобако Вона 5
Охрид:
∙ ТА Вис Пој
Битола:
∙ ЛитерараМК
∙ Tobacco Brothers
Струмица:
∙ ЛитератураМК
∙ ТА Сафари
Радовиш:
∙ ТА Халкидики
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski