Репрезентацијата на Аргентина во вторникот рано наутро се врати во Буенос Аирес, откако ја совлада Франција во неделното финале на Светското првенство. Лионел Меси и неговите соиграчи среде ноќ беа пречекани од стотици илјади навивачи на улиците, а огромната прослава, која од неделата трае во Аргентина, продолжи во текот на вчерашниот ден кога неколку милиони Аргентинци излегоа на улиците.
Играчите тргнаа со автобус низ градот кон претседателската палата, а на улиците на главниот град според некои проценки излегоа 5,5 милиони луѓе. Фановите ги заглавија сите главни патишта во градот, а фотографиите го обиколија светот.
More than a million fans stormed the streets of Buenos Aires after Argentina won the World Cup 🥳 pic.twitter.com/2dt1Ko3WC2
— ESPN UK (@ESPNUK) December 20, 2022
Навивачите се качуваа на канделабри, семафори и покриви на автобуски станици каде славеа, скокаа и пееја. За жал, за време на таа прослава, 24-годишник паднал низ стаклен покрив и набргу починал, а друг навивач починал откако знамето што го имал околу вратот му се заплеткало во тркалото на моторот и го задушило.

Петгодишно момче е во кома откако на главата му паднаа остатоци од споменикот на кој навивачите се качуваа, илјадници навивачи беа полесно или тешко повредени, а хулигани киднапираа полициски возила и со нив се движеа низ градот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













