
Легендарниот фудбалер и поранешен претседател на УЕФА, Французинот Мишел Платини, изрази незадоволство од правецот во кој се движи модерниот фудбал.
Во изјава за италијанските медиуми, тој особено го критикуваше воведувањето на ВАР-технологијата, тврдејќи дека не ја подобрила играта и дека би ја укинал за да им се врати поголема улога на судиите.
„Веднаш би ја укинал ВАР-технологијата. Можеби би ја оставил само за офсајд ситуации, каде што е потребно да се повлечат линии за да се утврди дали играчот е во недозволена позиција, но сè друго би го препуштил на судиите. Тие треба да бидат тие што ќе одлучуваат дали имало прекршок или не,“ изјави Платини.
Италијанските новинари ја искористија можноста да го прашаат Платини за состојбата во Јувентус, но тој не покажа голем интерес за темата.
„Не следам многу натпревари од Серија А, бидејќи во Франција нема телевизија што ги пренесува тие мечеви. Искрено, не можам да набројам тројца играчи од клубот, но кога ќе слушнам дека Јуве победил, секогаш сум среќен. Тоа е клубот во кој поминав многу убави моменти, но тоа беше одамна, пред повеќе од 40 години“, изјави Платини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
