Јувентус со пресврт ја победи Парма со 3-1 и се искачи на третото место на табелата во Серија А. Тренерот Андреа Пирло е задоволен од триумфот, но и од пристапот на фудбалерите на овој меч. Вели дека и кога губеле, не бил премногу загрижен.
„Секојдневно тренираме за да победуваме. Некогаш ќе се случи и да примите први гол, но ако имате вистински пристап, ќе успеете да победите. Таков пристап имавме ние против Парма. И не е важно кој ќе ги постигне головите. Да, Алекс Сандро е одличен играч, верувајте дека знам. Штета е што поради повреди немавме можност да го користиме во текот на целата сезона. Сега треба да се фокусираме на следните мечеви и да ја оствариме целта“, изјави Андреа Пирло.
Во следното коло, Јувентус и гостува на Фиорентина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski