Милан синоќа направи голем кикс ремизирајќи 2-2 против аутсајдерот Салернитана на гости. Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ го спаси Милан од пораз, откако „росонерите“ поведоа, но потоа и дозволија да имаат негатива во текот на мечот.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговиот тим одиграл лош натпревар и дека исходот не би бил поинаков и доколку играше Златан Ибрахимовиќ.
„Отсуството на Ибра нема врска со тоа, истото би го направиле и со него и без него. Тимот не одигра добро од технички аспект и не донесовме добри одлуки, бевме премногу брзоплети. Скапо ги плативме грешките, а потоа на почетокот на вториот дел пропуштивме 2-3 убави шанси. Во суштина, не го одигравме нашиот најдобар натпревар. Јасно е дека сме разочарани бидејќи добро почнавме и поведовме, но после тоа направивме грешки кои никогаш не ги правиме. Се вративме и освоивме бод, но сакавме да победиме “, изјави Стефано Пиоли.
Милан е лидер на табелата во Серија А со 56 бода, но има и два меча повеќе од Интер и од Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













