
По 24 години фудбалската репрезентација на Србија се пласира повторно на Европско првенство, за првпат како независна држава. Во последниот натпревар од квалификациите, Србија ремизираше 2-2 против Бугарија во Лесковац и го освои второто место во групата.
Пикси на почетокот на сите им го честиташе успехот на репрезентацијата.
„Им честитам на сите за Европското првенство. Да, требаше да чекате 24 години, но вредеше. Влаховиќ не беше ни роден, или беше бебе кога последен пат игравме… Голем успех и ден за српскиот фудбал. Планот го остваривме. Овие играчи се херои, златна генерација која испиша историја. За првпат како независна земја одиме на ЕВРО. Големо задоволство, радост. До крајот верувавме дека можеме да успееме. Нашата тробојка ќе се вее во Германија“, изјави Драган Стојковиќ.
Пикси стана првиот селектор кој ја предводел репрезентацијата на две големи натпреварувања по ред.
„Не сум човек што ќе се фали, никогаш не сум работел, ниту ќе работам на таков начин. Се однесувам нормално, без еуфорија. Во Лесковац е ладно, но околу срцето е топло. Мора да им симнеме капа на фудбалерите, да им се заблагодариме на сите кои беа во и околу репрезентацијата на Србија во изминатиот период. Што се однесува до мене, среќен сум, од утре можам и да не бидам веќе селектор, ја исполнив мисијата. Но, таму пишува Стојковиќ останува ако се пласира на Европско првенство и верувам дека ќе се подготвиме уште подобро за тој предизвик“, истакна селекторот на Србија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
