Connect with us

Пијани навивачи на Слован вознемирувале патници на летот кон Скопје, полицијата не им дозволила влез во Македонија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 20:30 часот, службите на скопскиот аеродром уапсиле еден навивач, додека на други 10 им било забранет влез во Македонија.

Лицата биле под дејство на алкохол и по слетувањето не ги почитувале правилата, се однесувале агресивно и ги вознемирувале останатите патници.

„На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународниот аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во авион кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, се однесувале агресивно и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т. (38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така од Словачка, не им бил дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови