
„Романтичарите“ се уште се без триумф на стартот од пролетниот дел од шампионатот по двете ремија со Ренова и Силекс. Токму затоа неизбежна е желбата со три бода да се заокружи следниот натпревар од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига против Победа в недела од 14 часот.
И крилниот офанзивец Петар Петковски верува дека тимот сега ќе одигра на повисоко ниво кое ќе ја донесе првата пролетна победа.
„Навистина ни се важни трите бода од натпреварот против Победа, посебно во ситуација кога на претходните натпревари изгубивме бодови поради наши грешки. Но, заедно со стручниот штаб ги анализиравме сите покажани слабости во играта од натпреварите со Ренова и со Силекс, ги увидовме грешките, добро сме подготвени и верувам дека сега ќе дојдеме до триумфот. Победата на следниот првенствен натпревар ни е секако повеќе од значајна и од психолошки аспект за продолжението од сезоната“ – вели Петковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
