
Флорентино Перез е „последниот Мохиканец“ кој се уште верува во проектот за Суперлигата и вели дека новиот формат на Лигата на шампионите не е ништо посебно. Претседателот на Реал Мадрид открива дека клубовите цели три години работеле на проектот на создавање на ново елитно европско натпреварување.
„Не сум идиот, верувајте ми, ама не го разбирам новиот формат во Лигата на шампионите. Што е тука толку ново? Можеби ќе ми објаснат деновиве“, изјави Перез.
Потоа се осврна и на Суперлигата.
„Тажен сум. Три години работевме на формирање на ново натпреварување кое требаше да го подигне нивото на европскиот клупски фудбал. Да, кога играат Надал и Федерер гледа целиот свет. Кога Надал игра со 80-от тенисер на ранкинг листата не гледа никој. Јас не гледам, не ме интересира. Можеби не им ја објаснивме убаво на луѓето суштината на Суперлигата, тоа го признавам“, истакна првиот човек на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal