
Европската Суперлига беше „задушена“ од УЕФА уште пред и сериозно да се постави на меѓународната сцена, сите англиски клубови се повлекоа, а претседателот Флорентино Перез остана во друштво на Барселона, Јувентус и на Милан. Но, тој не се откажува, вели дека приказната не е завршена и дека има решение.
„Имам решение, најдобро ќе биде да играат сите четири тима од петте најсилни лиги во светот. Тоа е добро решение, но ќе работиме на проектот, тој секако не е завршен. Убеден сум дека новиот формат на Лигата на шампионите не е вистинското решение, не можат клубовите да чекаме до 2024 година. Глобалната финансиска криза сериозно удри по нив, имате пример дека Бордо во Франција е пред банкрот. Не сакаме и други клубови да доживеат таква судбина“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, побара од клубовите комплетно да се откажат од Суперлигата доколку сакаат следната сезона да бидат дел од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
