Connect with us

Пелистер со пресврт го елиминира Тетекс од Купот

Пелистер успеа да избори пласман во следното коло од Купот на Македонија, откако на гостувањето кај второлигашот Тетекс славеше со 1-2.

Тимот од Тетово прв се радуваше – во 35. минута Даниел Николовски го совлада голманот на гостите и донесе предност. Сепак, во вториот дел битолчани ја презедоа иницијативата и резултатот брзо беше променет. Христијан Стојановски во 52. минута погоди за 1-1, што им даде дополнителна сигурност на гостите.

Клучниот момент се случи во 85. минута, кога Стефан Спировски стрелаше прецизно и донесе целосен пресврт и конечна радост за Пелистер.

Во другиот натпревар, фудбалерите на Новаци беа подобри од Пчиња и славеа со убедливи 0-3. Стефан Каревски се истакна со два гола, а еднаш мрежата ја затресе и Антонио Марцевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови