Пекол на „Тумбе кафе“. Не само поради жештините во Битола туку затоа што хаосот во ФК Пелистер е се поголем. Некој како намерно да го турка во пропаст битолскиот клуб. Прволигашот би можел да остане без лиценца за настап во елитата за следната сезона ако до четврток не регистрира 12 професионални фудбалери за новата сезона. Во моментов, со оглед на финансиската криза и на расформираниот играчки кадар, Пелистер има само петмина фудбалери под професионален договор.
Фудбалската федерација на Македонија упати писмо до фудбалскиот клуб Пелистер во кое бара до 15 јули да биде испочитувана процедурата за 12 регистрирани професионалци. Доколку тоа не се случи, можно е Пелистер да ја загуби лиценцата за настап во Првата лига за сезоната 2021/22.
Во Пелистер цело лето има превирања, се одолговекува можната продажба на мнозинскиот пакет акции, а сега е загрозен дури и настапот во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal