Македонија ЃП стигна до првата победа по враќањето во елитата, откако на домашен терен го совлада Пелистер со 2-1. Битолчани поведоа експресно, по само шеесетина секунди со голот на Лука Булатовиќ, но потоа одговорија и “лавовите”.
Симеон Христов од пенал успеа да израмни на 1-1 во 25.минута, резултат со кој се замина на одмор. Гуереро се избори за удар од белата точка, по стартот на Стефан Спировски.
Македонија ЃП дојде до триумф од 2-1, со голот на Екснејдер Гуереро постигнат во 66.минута од дуелот. Тој се снајде најдобро по одбиената топка и шутот на Мухамед Елмас и ја смести во мрежата.
Во Кавадарци, Тиквеш и Брера ремизираа без голови. Домаќинот имаше иницијатива, но Брера постави цврст бедем пред сопствениот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













