Connect with us

Пеле ќе остане во болница и за Божиќ

Од болницата „Алберт Ајнштајн“ од Сао Паоло соопштија дека ракот на легендарниот бразилски фудбалер Пеле „напредува“ и дека му е потребна „поголема грижа“ поради „тешкотии во функционирањето на бубрезите и срцето“.


Пеле (82) е во болница од 29 ноември на евалуација на хемотерапијата што ја прима од септември 2021 година, кога му беше дијагностициран тумор на дебелото црево.


Во соопштението на болницата се вели дека Пеле нема да биде префрлен на интензивна нега.
Неколку минути пред објавувањето на ова соопштение, ќерките на Пеле, Кели Насименто и Флавија Арантес, на своите профили на Инстаграм објавија дека нивниот татко Божиќ ќе го помине во болница.


„Нашиот Божиќ дома пропадна. Со лекарите решивме дека поради многу причини е подобро да останеме овде, со сета грижа што ја пружа нашето ново „семејство Ајнштајн“, напишаа ќерките на Пеле.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови