
Тиквеш по долго, долго време повторно е во Првата лига. Се покажа правилна стратегијата на Пане Блажевски да се обиде преку бараж да го одведе тимот до елитата. Тиквеш со голот на Едиз Спахиу во 54.минута го победи Силекс со 1-0 во баражот за пополнување на првлигашкото друштво.
„Заслужена победа на Тиквеш. Момците силно ја посакуваа победата и одиграа квалитетен меч. И пред мечот знаев дека желбата и карактерот можат да биде одлучувачки фактор, а дека Силекс ќе ја чувствува тежината и ќе биде под поголем притисок. Одигравме тактично одлично и успеавме да ја исполниме целта. Им честитам на фудбалерите, ова е нивен успех, а триумфот е посветен на „Лозарите“ и на цело Кавадарци. Градот заслужи да има фудбалски прволигаш“, изјави Пане Блажевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
