Македонскиот прволигаш Брера ќе бара ново решение за тренерската позиција откако Панче Стојанов си поднесе оставка. Брера не стартуваше најдобро во новиот шампионат, но двапати успеа да остане непоразена на гости, против Вардар (2-2) и против Тиквеш (0-0) во последното коло.
„Да, точно е, поднесов оставка. Резултатите не се причината, бидејќи верувам во тимот и убеден сум дека ќе дојдат и победите. Тимот се вклопува, ќе дојде и самодовербата, и победите. Причините се повеќе лични, едноставно не можам да сум вистинскиот јас“, изјави за МАКФУДБАЛ, досегашниот шеф на стручниот штаб на Брера, Панче Стојанов.
Раководството на струмичкиот прволигаш ќе има речиси две седмици да изнајде ново решение за кормилото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













