Connect with us

Оваа сезона во Премиер – лигата паднаа најмногу тренерски глави во историјата

Англиската Премиер – лига го собори рекордот по бројот на сменети менаџери во една сезона.
Ова се случи откако Лестер вчера попладне се раздели со Брендан Роџерс, а Челси вечерта го отпушти Грем Потер. Со ова, вкупниот број на промени на менаџерите во премиерлигашките клубови се искачи на 13.


Интересно е што Грем Потер двапати се појавува на списокот – еднаш откако замина од Брајтон во Челси, и сега кога беше ослободен од „Стемфорд бриџ“.

Пред оваа сезона, рекордот беше 10 промени.

Роџерс ги напушти „лисиците“ по поразот од Кристал Палас, а Потер доби отказ по поразот од Астон Вила.

Тотенхем и Конте се разделија по очигледно недоразбирање меѓу менаџерот и дел од играчите. Првиот менаџер сменет во текот на сезоната беше Скот Паркер, кој беше ослободен од Борнмут на крајот на август минатата година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови