Германските медиуми го „пробија“ платниот список на Баерн Минхен. Садио Мане е најплатениот фудбалер во клубот. Сенегалецот, кој летово пристигна од Ливерпул за отштета од 32 милиони евра, плус бонуси, заработува 22 милиони евра бруто (нешто повеќе од 11 милиони евра нето) по сезона.
Да останеше во Баерн, сепак најплатен ќе беше Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач имаше плата од околу 25 милиони евра, а неодамна Баерн го замени со Барселона.
Прв зад Мане е капитенот на Баерн, Мануел Нојер (21 милион евра бруто годишно), потоа Томас Милер (20,5 милиони евра), па следуваат Кингсли Коман (20) и Лерој Сане (20).
Само пет играчи заработуваат помалку од пет милиони евра по сезона, а двајцата најслабо платени се Хрвати. Два милиони евра заработува 22-годишниот хрватски репрезентативец Јосип Станишиќ, а еден милион евра четири години помладиот Габриел Видовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













