
Голманот на Интер, Андре Онана, oбјави емотивна изјава на социјалните мрежи во која потврди дека се повлекува од репрезентацијата на Камерун. Тоа доаѓа откако 26-годишниот играч го напушти тимот пред неговиот втор натпревар на Светското првенство 2022. Федерацијата соопшти дека одлуката е донесена од дисциплински причини, при што се верува дека голманот е кавга со селекторот Ригоберт Сонг.
„Сѐ започна во Нгол Нкок, мало село каде што, од многу рана возраст, моето семејство ми ги пренесе вредностите со кои се идентификува камерунскиот народ. Научив дека љубовта на оваа земја е вечна и дека за лојалноста не може да се преговара. Се сеќавам дека како семејство ги гледавме натпреварите. Само Камерунците можат да разберат што значи за нас да ги гледаме „нескротливите лавови“ како играат. Тогаш почнав да сонувам еден ден да го облечам националниот дрес. И сега, после бескрајни часови тренинзи, патувања и голема упорност, со гордост можам да кажам дека го исполнив мојот голем сон.
Но, секоја приказна, колку и да е добра, има свој крај. И мојата приказна со репрезентацијата на Камерун заврши. Играчите доаѓаат и си одат, имињата се минливи, но Камерун е над секој човек или фудбалер. Камерун останува вечен, како и мојата љубов кон репрезентацијата и нашиот народ, кој секогаш нѐ поддржуваше без разлика во колку тежок момент бевме. Моите чувства никогаш нема да се променат. Моето камерунско срце ќе продолжи да чука и каде и да одам, секогаш ќе се борам да го подигнам камерунското знаме што е можно повисоко.
Ќе продолжам да бидам поддржувач како над 27 милиони Камерунци на секој натпревар. Можам само да им се заблагодарам на оние кои ми веруваа и веруваа дека можам да придонесам за овој тим. Земјата пред сѐ и засекогаш“, напиша Онана во своето обраќање.
Во националниот тим дебитираше во 2016 година и оттогаш одигра 34 натпревари за „нескротливите лавови“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
