
Голем скандал се случи по завршувањето на полуфиналето за Суперкупот на Шпанија, каде Мајорка играше против Реал Мадрид (0-3) во Џеда. Според две сопруги на фудбалери од Мајорка, гледачи од Саудиска Арабија покажале непочитување кон жените на стадионот кои дошле да го поддржат својот тим.
Шпанките ги обвинија непознатите мажи за вознемирување, потсмев и дури за несоодветни допири.
Кристина Палавра, сопругата на Дани Родригез од Мајорка, изјави за шпанските медиуми дека вознемирувањето продолжило и по натпреварот, додека излегувале од стадионот. Таа откри дека немало обезбедување кое би можело да интервенира.
Палавра тврди дека мажи од трибините им се потсмевале, ги снимале без нивна дозвола, а најсериозното обвинување е дека жените биле допирани по телото без согласност.
„Заминувањето од стадионот беше доста компликувано. Бевме со деца и немаше обезбедување. Точно е дека мажите овде почнаа да нè снимаат одблизу и да нè вознемируваат“, изјави Палавра за шпанската телевизија „Esports IB3“.
Наталија Калузова, девојката на голманот Доминик Грајф, била многу потресена, објави „Марка“. Таа го потврди инцидентот.
„Група луѓе ни пријде, нè снимаа, нè туркаа, нè навредуваа на арапски, нè снимаа без дозвола и имаше физички контакти“, истакна Калузова.
Навивачка на Мајорка објасни дека тимот имал многу малку поддржувачи, поради што организаторите ги сместиле заедно со локалните навивачи, наместо да им обезбедат одделни места.
„Не нѐ одвоија одделно и за време на натпреварот многумина од нив нè вознемируваа, ни се потсмеваа и ги провоцираа децата и повозрасните луѓе“, изјави Хуанма Кастано во емисијата „El Partidazo de COPE“.
Суперкупот на Шпанија се игра во Саудиска Арабија од 2020 година. Синоќа Реал победи против Мајорка со 3-0 и се пласира во финалето каде ќе игра против Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
