Connect with us

Ограбен Џастин Клајверт, нападната неговата девојка

Mаскирани разбојници упаднале во имотот на фудбалерот на Валенсија, Џастин Клајверт, и одзеле вредни работи во вредност од 200.000 евра. При упадот и грабежот нападната е девојката на Џастин Клајверт и уште едно лице, тие се полесно повредени.


„Тројца со качулки упаднале во куќата, а жртвите изјавиле дека кај напаѓачите забележале англиски акцент. Ја нападнале неговата девојка и ја тепале додека таа не открила каде им се вредните предмети. За среќа, се покажало дека повредите се од полесна природа. Крадците одзеле накит, часовници и пари со вкупна вредност од околу 200.000 евра, проценува полицијата“, наведува „Марка“.


Шпанските медиуми објавија дека објави холандскиот фудбалер бил во шок, но по консултација со својата девојка, сепак останал во тимот на дуелот од Ла Лига против Мајорка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови